Лажен доктор од скопјанка зема 20.000 евра, полицијата трага по измамникот

Од:

Во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра.

Според пријавеното, истиот ден машко лице ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и ја скршила ногата и морала да се оперира веднаш и дека операцијата е многу скапа бидејќи требало да и се вградат златна шипка и штрафови.

Како што е пријавено, откако телефонски се договориле, таа ги дала парите на едно женско лице на договореното место, а подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Бугари измамиja 79-годишна жена кај Дубровник – и собраа 8.000 евра за „операција на нејзината внука“

А1он

Екс вработен во Катастар измами скопјанка за околу 2.000 евра за приватизација на земјиште

А1он

Во Белград се уапсени измамници од Македонија и Франција

Горан Наумовски

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он