После една неделa на второ место познатиот македонски хип хоп изведувач и продуцент Тони Зен успеа да се искачи на врвот на познатата топ листа „Домачица“ која е дел од музичкиот регионлен ТВ канал МТВ Адриа со песната „Светот е твој“. Песната е соработка меѓу Тони Зен и бугарскиот хип хоп музичар Бобо, познат по хитот „Дим да ме њама“.
Темите „Надвор/Повеќе од рапер“, „Под контрола“, „Исти“ исто така беа на топ листата МТВ Домачица и се најава за неговиот нов албумот „Микроскопски организам“ кој заедно со хитот „Светот е Твој“ се очекува да излезе на крајот на септември.
„Првото место на една ваква топ листа за која гласовите ги даваат фановите од целиот Балкан ме прави пресреќен. Задоволство е да го работиш она што го сакаш, но задовлоствoто е посилно кога луѓето те поддржуваат и им се допаѓа она што ќе им го понудиш. Полека го привршувам новиот албум кој се надевам исто како и „Светот е твој“ ќе ја освои публиката. Во овој момент само можам да им ветам дека начинот на кој ќе допре до нив ќе биде поинаков и помоќен“, изјави Тони.
Снимениот видео запис за „Светот е твој“ е во продукција на BMA BROTHERS, а песната како и целиот албум се снимени и продуцирани во студиото STEREO RECORDS на Нино Васков.
Оваа топ листа ги претставува 20-те најдобри балкански видео записи, а за нив гласаат фановите од земјите на балканските простори.