Пензиониран американски генерал: Пораз на Русија не е опција, или победа или нуклеарно оружје

Од:

Пензионираниот американски генерал Кевин Рајан за Business Insider ја коментираше моменталната ситуација во Украина.

Тој смета дека војната може да заврши оваа година, но истовремено стравува дека Кремљ ќе се сврти кон опцијата за употреба на нуклеарно оружје доколку руските вооружени сили се соочат со пораз.

Рајан е убеден дека Русија „би користела нуклеарно оружје пред да дозволи нејзината војска да биде поразена на теренот“.

Путин постојано се закануваше дека ќе користи нуклеарно оружје откако нареди воена операција во Украина во февруари минатата година.

Сепак, поранешниот американски генерал претпоставува дека Кремљ може сериозно да размисли да го искористи само ако Украина е „на работ да ја уништи руската војска на терен“ или ако украинските сили се подготвени да го вратат Крим.

„Ако украинската војска има голем успех напролет и се заканува дека ќе го врати Крим, тогаш мислам дека руската војска и раководството би употребиле нуклеарно оружје, не само за уништување на украинските воени цели, туку и за ја убедат Украина дека продолжувањето да ја води оваа војна ја става во нуклеарен холокауст“, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски