ВИДЕО: Цела сала плачеше додека оваа жена пееше

Од:

Четири илјади луѓе ја испратија со овации изведбата на Сем Бејли, учесничка на натпреварот Фактор Икс, а ништо помалку воодушевени не беа ни судиите Гери Барлоу, Никол Шерзингер, Шерон Озборн и Луис Волш.

Сем, во лондонската Вембли Арена, во неделата навечер го покажа својот врвен талент, пласирајќи се и понатаму во текот на натпреваруањето.

Таа го изведе евергринот „Who’s Loving You“, а пред камерите призна дека на X Faktor пријавила сакајќи нејзините две деца да бидат горди на својата мајка. Оваа 36-годишна затворска службеничка додаде дека реакциите на судиите многу ја изненадиле и воодушевиле.

– Не можам да верувам дека сум овде. Ова ми е првпат, после подолг период да правам за себе. Сакам моите деца да бидат горди и да им покажам дека јас тоа го можам. Вакви работи инаку не ми се случуваат. Не можам да верувам дека сум овде и ова не ми се чини ни најмалку вистински, изјави Бејли.

Откако ги расплака присутните во салата, но и многу гледачи пред малите екрани, видно возбудена од судиите прими четири гласа „за“.

Шерзингер кусо порача: – За ова ви зборувам! Сем Бејли, секој ќе го запомни ова име. Ова е твоето време.

Барлоу додаде: – Ова беше апсолутно феноменално. Каде беше досега?

Сем на тоа одговори: – Бев ангажирана со работата – мајка, моите деца ми се поважни од се друго во животот.

– Оваа жена пее од длабочината на својата душа, рече судиката Озборн, обраќајќи и се на публиката, а тоа и сами можеа да го видат.

Во публиката плачеше и нејзиниот сопруг, за кого Сем рече дека никогаш порано не го видела во таква состојба.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски