Канадската пејачка и поп икона Селин Дион денеска објави дека поради лоша здравствена состојба ја откажува европската турнеја, како и концертот во Израел закажан за 2023 година.
Познатата уметница требаше да настапи на 31 мај на стадионот Блумфилд како дел од нејзината летна концертна турнеја во 2023 година.
Сепак, настапот повторно беше одложен од првиот датум во август 2020 година.
Покрај тоа, сите нејзини турнеи планирани за 2023 година ќе бидат откажани, а европските датуми се одложени за 2024 година.
На Селин Дион и е дијагностициран синдром на вкочанета личност (Stiff-person syndrome – SPS), поради што нејзините мускули неконтролирано се грчат. Оваа состојба ги претвора луѓето во „живи статуи“ бидејќи постепено го „заклучува“ телото во крути положби.
Неодамна во јавноста се појавија фотографии од Дион на кои таа изгледа непрепознатливо. Канадска пејачка, која важи за една од најдобрите вокали во светот, а е толку слаба што изгледа морничаво. Низ тенката кожа речиси и се гледаат коските, па меѓу нејзините обожаватели се шпекулира дека е тешко болна, но дека тоа го крие.