Почина легендарниот музичар Џери Ли Луис

Од:

Џери Ли Луис, бунтовниот пејач и голема ѕвезда, почина на 87-годишна возраст.

Тој беше американски пејач, текстописец и пијанист. Важеше за „првиот голем човек на рокенролот и еден од највлијателните пијанисти на 20 век“.

Пионер на рокенролот и рокабили музиката, Луис ги направи своите први снимки во 1956 година во Sun Records во Мемфис.

Неговиот хит од 1957 година „Whole Lotta Shakin’ Goin’ On“ му донесе светска слава на Луис. Ова го следеше со големите хитови „Great Balls of Fire“, „Breathless“ и „High School Confidential“.

Тој беше еден од последните преживеани од златното доба на рокенролот, неговиот живот сепак беше обележан со скандали и насилство.

Неговата кариера накратко беше прекината кога на 22-годишна возраст се ожени со својата 13-годишна братучетка Мира Гејл Браун.

Агентот на Луис го опиша како „можеби последната вистинска, голема икона на раѓањето на рокенролот“.

Во изјавата, публицистот на Луис, Зак Фарнум рече: „Тој беше таму на почетокот, со Елвис, Џони Кеш, Чак Бери, Литл Ричард, Карл Перкинс, Фетс Домино, Бади Холи и други, и ги гледаше како исчезнуваат еден по еден како тој не сведочи и не пее за раѓањето на рокенролот“.

Луис почина во својот дом во округот Десото, Мисисипи, со сопругата Џудит покрај него, се вели во соопштението на неговиот публицист.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски