Популарниот пеач Жељко Јоксимовиќ го знаеме како секогаш насмеан, трпелив и среќен, или не баш секогаш.
Конечно еден коментар на неговиот твитер профил, успеа да му ја крене косата, па направи нешто што никогаш до сега не го направил.
„Конечно можам да ти кажам дека не знаеш да пееш. Знаеш само една нота и стих : лалалала“, му напишал некој следбеник на твитер.
Ова очигледно ги поинало границите на Јоксимовиќ, па одлучил да реагира и да му врати:
„Конечно и јас да блокирам некој. Би сакал да имаш име, ама немаш „јбг“, чао“.
Може наскоро оваа „корпа“ да му биде и инспирација за некој нов негов хит „Конечно“.