Британските рок-ветерани „Квин“ влегоа во историјата на музиката во Обединетото Кралство со тоа што нивниот албум „Најголеми хитови на Квин“, со оригинален наслов Queen Greatest Hits, стана прв аудиозапис продаден во седум милиони примероци, соопшти „Офишл чартс компани“.
Компилацијата на класици е прв поединечен албум продаден во над седум милиони примероци, соборувајќи го рекордот на британската топ-листа.
Оваа компилација на најголемите хитови на бендот, снимена во 1981 година, сега е во сопственост на едно од четири домаќинства во Обединетото Кралство, соопшти компанијата што ги составува официјалните табели.