Иако се труди да живее здраво, Жељко Самарџиќ во последно време се изложи на преголеми напори и сонце и поради тоа заврши во болница.
На популарниот пејач, му се слоши, додека беше на одмор во Котор, па побара помош во локалната болница.
Жељко почувствувал болка во пределот на срцето, пропратена со зуење во ушите, изнемоштеност и трнење на левата рака.
Тој од претходно има проблеми со штитната жлезда.
За да ја потврдат информацијата, новинарите на весникот „Ало“, го побарале Самарџиќ на телефон, но бил недостапен за коментар.
Информацијата ја потврди Лилјана Кривокапиќ, лекарка во которската болница, која изјави дека здравствената состојба на пеjачот не е загрижувачка, иако мора да мирува и да се придржува на лекарските совети.