Се ожени Дејан Матиќ

Од:

Познатиот српски фолк пеач, Дејан Матиќ рипна во тавче.

Неговата избраничка е Јелена Ристиќ, со која во декември го очекуваат нивното прво дете.

Парот црквениот брак го склучил во црквата Свети Васил Острошки во познатата београдска населба Бежаниска коса.

На црквеното венчавање покрај неговиот брат близнак Саша Матиќ, присуствувале и бројни колеги од српската естрада, пеачите Бане Мојичевиќ и Силвија Неделковиќ, композиторот Саша Драгич.

Свадбената веселба потоа продолжила во ексклузивниот ресторан „Холивуд“, каде највесели биле кој друг ако не младоженците.

Дејан и Јелена по долгогодишно пријателство, нивната љубовна врска ја започнале во јануари годинава.

Среќниот сопруг на српските новинари им открил дека не може да дочека да дојде декември, за во своите прегратки да го земе своето прво дете.

„Нашата љубов се случи сосема спонтано, а се што на тој начин сум го добил во животот накрај испаѓало преубаво. Ние сакавме дете, така што бременоста на Јелена воопшто не е случајна“ – изјавил Матиќ

Браќата Дејан и Саша Матиќ се едни од најпознатите пејачи на српската, но и балканска естрада. Поради несреќа при раѓање, на двете братчиња близначиња им бил оштетен видот. Но и двајцата пленат со огромна харизма и одличен глас, кој се разбира придонесоа да стекнат огромна популарност.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски