Долго очекуваниот концерт на Роби Вилијамс во Загреб синоќа конечно се случи, а впечатоците остануваат да се средат се до неговиот следен настап, кој и самиот го најавил со неговата следна турнеја.
Концертот на светската музичка ѕвезда започнал без доцнење, околу 21 часот и покрај врнежите од дожд. Така, за првпат во својата кариера британската ѕвезда настапи пред загрепската публика.
Својот концерт во рамките на светската турнеја “Take the Crown” Вилијамс го започнал соодветно, со хитот “Let Me Entertain You”, а претходно, легендарниот пејач се претставил како “Robbie fucking Williams”.