Со песната It’s my party, Џеси Џеј го најавува својот втор албум, кој ќе биде објавен во септември.
Првиот сингл Wild беше одлично прифатен, а пејачката се надева дека така ќе биде и се најновото нешто од неа, иако признава дека има огромна трема пред издавањето на албумот.
„Имам трема како ова да ми е прв, а не втор албум. Имам чувство дека се ќе пропадне ако не и се допадне на публиката“, изјави Џеси Џеј.