САД се подготвени да ја разгледаат можноста за снабдување на Украина со оружје со среден дострел

Од:

САД се подготвени да ја разгледаат опцијата за снабдување на Украина со оружје со среден дострел, што ќе може да погоди аеродроми во Русија, изјави американската заменик министерката за одбрана Кетлин Хикс.

– Да, ние продолжуваме да ги разгледуваме видовите на оружје што ги бараат Украинците, во смисла да им дадеме оружје со малку поголем дострел, истакна Хикс, одговарајќи на прашањето дали Вашингтон би бил подготвен да ја разгледа опцијата за доставување на оружје со кое ќе може да се погодат воените аеродроми во Русија.

Таа не изнесе повеќе детали за оружјето.

Хикс потврди дека американската страна ќе продолжи да обезбедува разузнавачки информации за Украина и дека ќе ја снабдува со муниција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски