Патувачката изложба на експонати од целата кариера на Дејвид Боуви следната година ќе биде отворена во САД но само во Чикаго.
Изложбата „David Bowie Is“ во моментот е во лондонскиот V&Aмузеј и таму ќе биде до сабота. Поради големиот интерес работното време на музејот е продолжено до 22 часот, а изложбата до сега ја виделе 300 илјади луѓе.
Изложбата потоа се сели во Арт галеријата Онтарио во Торонто, а потоа во музејот на сликите и тоновите во Сао Паоло.
Следен е музејот на совреmена уметност во Чикаго – од септември 2014 до јануари 2015 година, потоа во Париз и во Холандија, но се уште не е утврдено во кој град.
„David Bowie Is“ е прва меѓународна ретроспектива на кариерата на Боуви кој прв пат настапи во 1963 година но стекна слава дури во 1969 година со хитот „Space Oddity“.
Изложбата има повеќе од 300 експонати текстови на песни во ракопис, оргинални костими, дизајн на албумите, дизајн на концертната бина и друго.