Денеска во 17:30 часот почна светски онлајн телемаратон за поддршка на Украина под слоганот „Спас за Украина“, а истиот се пренесува и на видеобим на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.
На концертот, како што соопштија од украинската амбасада во земјава, ќе настапат голем број украински и светски музички ѕвезди.
Меѓу нив ќе бидат украинските пејачки Џамала и Руслана, а од светските ѕвезди ќе настапат: Стинг, Ед Ширан, Брајан Адамс, групата „Ју ту“, Мадона, Имани, „Имеџин Драгонс“, Елтон Џон и многу други.