Францускиот ди-џеј Арно Кост кој на први септември ќе настапи на четвртиот „Пена Фестивал“ одлепи по новосадската пеачка. Толку се заљубил во Наташа Беквалац што ја нарекол „ангел на земјата“.
„Наташа ја запознав на Ибица минатата година и веднаш ме освои“, вели Арно Кост.
„Излегувавме и се забавувавме со заедничките пријатели, но она што го посакувам е нешто повеќе од групно дружење. Ќе ја поканам на мојот настап во београдска Арена и верувам дека нема да има ништо против. Од пријателите разбрав дека е во врска со некој манекен, па ќе морам да ги одмерам силите со него“, изјави французинот.
Новосадската пеачка која е во врска со Владо Вуксановиќ, и поради што медиумите пренесуваат дека на неговата мајка „и се крева косата на глава“ вели дека Арно е симпатично момче и има право да фантазира.
„Што да кажам, пуштете го да фантазира, тоа на ниедно дете не смее да му се забрани“, изјави Наташа Беквалац.