Американка го тужи Џастин Бибер поради „трауми од неговиот концерт“

Од:

Иако тинејџерките по правило лудуваат по 18-годишната поп ѕвезда Џастин Бибер, сепак кај некои жени очигледно неговиот шарм и изведби предизвикуваат спротивен ефект.

Така, Американката Стејси Вилсон Бетс, која бил на концерт на Бибер во Портланд заедно со нејзината малолетна ќерка, по враќањето во својот дом решила да поднесе тужба против пејачот поради, како што тврди, „болното и трауматично искуство кое не би сакала да го доживее никогаш повеќе“.

Според Бетс, било грозно да се слушаат фреквенциите на врисоците што ги испуштале обожавателките на Бибер, но уште полошо звучел неговиот глас и неговите „обиди за пеење“.

– Уште полошо секогаш кога ќе ги дигнеше рацете во вис и ќе почнеше да мавта со нив, девојчињата вриштеа уште погласно. Тоа е неодговорно однесување на еден млад пајач и на неговиот менаџер. За време на концертот добив оштетување на слухот на двете уши, тврди Бетс.

Таа наведува дека како последица на ваквото „оштетување“ постојано и зуи во ушите, што и го нарушува нормалниот живот и сонот.

Во тужбата против Бибер и неговата издавачка куќа, Бетс бара отштета од 9,23 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски