Рекордна продажба на синглови во Велика Британија

Од:

Во Велика Британија 2013-та ќе биде година во која ќе биде забележана уште една рекордна продажба на синглови, прогнозира британската агенција „Офишал Чатс Компани“.

Ова е петта година по ред продажбата на одделни песни да го соборува рекордот во оваа земја во која во 2012 година се продадени 188,6 милиони синглови, што е шест отсто повеќе, во однос на претходната година.

Оваа година речиси секој сингл во топ 40 листата е продаден во над 300 илјади примероци. Најголем успех постигна синглот „Get Lucky“ на Дафт Панк, кој од објавувањето пред десет недели е продаден во повеќе од милион примероци.

На второ место е песната „Blurred Lines“ на Робин Тике, која за еден месец постигна тираж од 850 илјади примероци, а на трето е „Trift Shop“ на Маклмор и Рајан Луис со 680 илјади примероци. На четвртата позиција е „Just Give Me A Reason“ на пејачката Пинк, а на петто е „Mirrors“ на Џастин Тимберлејк.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски