Легендарната поп-пејачка Ејми Вајнхаус ги отпеа стиховите: „Се обидоа да ме натераат да одам на рехабилитација, но јас реков – не, не, не!“ Точно 10 години по смртта на британската пејачка, семејството и пријателите во соработка со Би-Би-Си, снимија биографски документарец чие прикажување ќе се случи денеска, на годишнината од нејзината смрт.
Таа почина на 27 години, од труење со алкохол, на 23 јули 2011 година.
Според татко ѝ Мичел, документарниот филм „дава поширока слика за Ејми“. Филмот „Позитивната страна на Ејми“ (Reclaiming Amy), во кој раскажувач е нејзината мајка, носи и разговори со долгогодишни пријатели, вклучувајќи ја и Катриона Гурли, која открива дека била во романтична врска со Вајнхаус.
– Мислите дека ја познавате мојата ќерка – со дрогата, зависности, деструктивни врски – но има и многу повеќе!, вели мајка ѝ.
Филмот се обидува да ги оспори обвинувањата дека семејството го искористило нејзиниот успех и не сторило се за да ја извлече од зависноста.
Музичкото списание „НМЕ“ го нарече документарецот „трогателен“, „посвета на една ќерка, пријателка и огромен талент“. Но, „Фајненшл тајмс“ е скептичен и пишува дека родителите на Вајнхаус, особено татко ѝ Мичел, сепак биле „во центарот на нејзината кариера“.