Слеш доби ѕвезда на патеката на славните

Од:

Поранешниот гитарист на „Ганс анд Роузес“, Слеш доби ѕвезда на патеката на славните во Холивуд. При откривањето на ѕвездата на Холивуд – булевар, музичарот роден во Лондон, изјави дека уште како момче, сонувал да стане гитарски херој.

„Ова е посебно признание, најдобрата работа која некогаш може да се добие“, рече Слеш пред повеќе од стотина обожаватели собрани пред Хард рок кафе.

„Јас сум дел од овој крај. Овде одев во училиште и почнав да свирам гитара, буквално неколку метри одовде, рече Слеш. Меѓу присутните беше и глумецот Чарли Шин кој го поздрави „вистинскиот уметничи талент “ на својот пријател со кој по сопствено признание со години конзумирал различни наркотици.

После церемонијата 46 – годишниот Слеш, чие вистинско име е Сол Хатсон, со сопругата Перл Ферар и нивните две деца, позираше пред фотографите.

Слеш во последните години не пие, а престана и да пуши. Најголемата слава ја стекна со „Ганси“ во 90-те години на минатиот век, а во моментот има успешна соло кариера.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски