Поп пејачката Кајли Миног ги израдува своите обожаватели со нова песна, која е всушност најава за нејзиниот 12-ти албум. Таа го издаде последниот албум во 2010. година.
45-годишната австралиска ѕвезда не кажа повеќе детали за новиот албум, но откри дека тој ќе биде во поп денс жанр.
„Очекувајте го неочекуваното“, рече Кајли.