Пазарна инспекција ги стопира одморите, околу Нова година на терен 120 инспектори

Од:

Државниот пазарен инспекторат се организира за зајакнати контроли околу Нова година, по денес предложените мерки за работа на угостителските објекти до 18 часот во периодот од 18 декември до 21 јануари. Директорот Стојко Пауновски вели дека договориле да се стопираат одморите на вработените.

„Утрово имав состанок со раководителите на сите одделенија низ земјава. Моравме да ги стопираме одморите. Иако цело време на вработените им кажувавме дека ќе можат да здивнат и да земат одмор овој период околу Нова година, сега се договоривме сите да се вратат на работа и одмори засега да не се користат. Не им се искористени ланските одмори. Беа одложени поради зголемените обврски околу контролата на препораките за заштита од вирусот, но ќе најдеме начин сите што не го искористиле одморот да бидат обесштетени“, вели директорот Пауновски за „А1он“.

Тој смета дека поефикасна би била мерката да се затворат на одреден период угостителските објекти оти праксата покажала дека ваквите ограничувања не ги почитуваат ниту угостителите ниту пак гостите, но oд нив никој не побарал мислење за досегашното искуство.

Далеку од можно е да ги исконтролираат сите угостителски објекти околу празниците, но директорот Пауновски вели дека на терен ќе бидат сите инспектори.

„120 инспектори ќе бидат на терен за празниците. Не велам дека одеднаш ќе можеме да ги исконтролираме сите, но ако некој ги прекршува мерките можеби нема да го фатиме првиот ден, но вториот секако нема да го пропуштиме. Тука од голема помош ни се и дојавите од граѓаните, постојано ни јавуваа каде се прекршуваат протоколите и ние веднаш постапуваме“, објаснува директорот Пауновски.

Инспекторатот има вкупно 173 инспектори, а веќе на терен излегувале и помладите инспектори во придружба со постар инспектор. Во моментов четворица инспектори се на домашно лекување, позитивни на Ковид – 19, но изолацијата им истекува во текот на неделава и директорот очекува да се вратат на работа.

Комисијата за заштита од заразни болести утрово препорача да се скрати за три часа работното време на угостителските објекти и тие да работат до 18 часот, а хотелите да завршат со служење на вечерата за гостите со уплатен пансион до 21 часот.

Би можело да ве интересира

Рестрикции на вода во Тетово

Контроли во угостителски објекти: Се точи алкохол на малолетници, пронајдена марихуана

А1он

За 7,7 отсто зголемен индексот на цените на угостителските услуги во јули 2023 во однос на истиот месец лани

Зголемени цените на угостителските услуги

Србија донесе препораки за заштеда на струјата за 15 отсто

А1он

Француската премиерка предупреди на можни рестрикции престојната зима

А1он