Заев за непочитување на протоколите на собирите: Нема договори меѓу партиите, ветивме дека ќе ги почитуваме мерките

Од:

Протоколите за заштита од коронавирусот не се почитуваат во целост од ниту една од партиите кои одржуваат собири и митинзи. Премиерот Зоран Заев прашан дали можеби тоа е договор меѓу партиите, негираше. На собирите, граѓаните седат без дистанца и маски, политичарите се прегрнуваат меѓусебно. Засега, никој не кажа ниту дека му побарале и сертификат за вакцинација за да присуствува на митинг, иако тоа е предвидено со протоколите.

„Јас ќе апелирам за да се обратите до соодветните институции за да ви дадат соодветен одговор. Јас сум овде претседател на Влада, не сакам да одговарам за партиски работи, освен што ќе кажам, се гледа распоредот на столчињата како се изместени согласно протоколите, а секако проблемот е тоа што дополнително луѓе од страна кои доаѓаат, не ја пазат неопходната оддалеченост. Нема договори, сите ветивме дека ќе направиме се за да се почитуваат протоколите кои се донесени, имајќи во предвид дека граѓаните доаѓаат на митинзите.“, рече Заев на прашањето што прави полицијата за кршење на протоколите.

Политичките партии секојдневно одржуваат собири ширум Македонија. Дел од нив, се и во затворени простории во партиски простории. За прекршување на мерките против заштита од корона, се дознава од фотографиите кои партиите сами ги споделуваат на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска