(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Од:

Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен во вредност близу 800.000 евра од државните стокови резерви да се најдат на црн пазар на една соседна држава. Иако пченицата постоела и била употреблива, Димковски и уште четири лица направиле записник во кој напишале дека има помалку 2.000 тони јачмен и пченица, а овој записник, Заев, Филипче и Николовски, без никакви проверки го заклучиле на владина седница, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со оваа постапка, се поставува прашањето дали Заев, Филипче и Николовски биле свесни за криминалот што се случувал во Агенцијата за стокови резерви? Дали Димковски за овој криминал кој е проценет на близу 800.000 евра, добил дозвола и насока од страна на Заев, Филипче и Николовски? Дали ова трио, добило еднаков процент и затоа сега Димковски ќе лежи за овие тројца? Затоа ли од страна на СДС, толку се гласни за земјоделството, затоа што знаат каков криминал имаат направено? Владеењето на СДС со државата изобилува со криминални и коруптивни методи. Наместо државата да има стокови резерви, тие најверојатно завршувале на црните пазари во една соседна држава, продавајќи ги за енормно повисоки цени. Наместо парите да ги вратеа кај граѓаните и земјоделците, тие си ги пикнаа во џеб. Правда и одговорност мора да има и од првиот ешалон на тогашната власт, тврди Андоновска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Додека Филипче беше министер имало предупредувања за загадена вода, но институциите молчеле

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар