Неделава ќе се утврдува кој ќе ги проверува граѓаните дали се вакцинирани, пред да влезат во кафуле или во ресторан

Од:

Владата и Министерството за здравство сè уште не утврдиле како ќе функционираат редарските служби во угостителските објекти кои ќе треба да проверуваат дали лицата кои влегуваат внатре имаат сертификат за вакцинација или не.

„Неделава ќе биде прецизиран начинот на увид во сертификатот за вакцинација“, изјавуваат од Министерството за здравство за „А1он“, од каде претходно посочија дека на ниту еден начин нема да бидат загрозени личните податоци на граѓаните.

Она што засега се знае е дека за организирање јавен настан, собир, концерт, и сл. Ќе се подлежи на правила кои ги има организаторот, а се однесуваат на редари и обезбедување, регулирано во Закони и правилници. Контролите за валидност на сертификат или потврда за примена една доза вакцина ќе бидат во надлежност на инспекциските служби кои и досега вршеа контрола дали се почитуваат и постоечките мерки и протоколи.

Но, дали секој угостителски објект ќе мора да ангажира редар и кој ќе ги проверува граѓаните дали се вакцинирани или не при влез во ресторан или во кафуле, доколку нема настан или прослава, засега останува непознаница.

Во дел од европските држави, ова е решено на тој начин што на масите се поставени читачи за бар кодови, па граѓаните кога ќе седнат во ресторани или кафулиња, само го скенираат својот сертификат и угостителскиот објект има увид за бројот на гости и бројот на вакцинирани лица. Некаде пак, граѓаните кога ќе седнат во угостителски објект, пополнуваат прашалник.

Во Македонија, според одлуките на последната владина седница, невакцинирано лице ќе нема право да влезе во кафуле/ресторан или да присуствува на јавен настан на отворено, ако таму се присутни повеќе од 30 лица.

Нашата држава е една од ретките каде што сертификатот за вакцинација ќе биде единствен услов да се присуствува на настани на отворено – во голем од останатите држави оваа можност постои и доколку имате негативен тест за Ковид-19 или пак сертификат за антитела по прележан Ковид-19, со цел да не се дискриминираат лицата кои не смеат да примат вакцина, или пак оние кои неодамна го прележале коронавирусот, па мораат да почекаат извесен период од барем еден месец, пред да ја примат.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Контроли во угостителски објекти: Се точи алкохол на малолетници, пронајдена марихуана

А1он

За 7,7 отсто зголемен индексот на цените на угостителските услуги во јули 2023 во однос на истиот месец лани

Зголемени цените на угостителските услуги

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски