Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Од:

Комисијата за здравство ги разгледа и прифати препораките од СЗО да бидат укинати сите ковид-мерки и од денес ќе се третира ковид-19 како вообичаена заразна болест.

– Ги прифативме препораките на СЗО за да направиме транзиција да го третираме ковид-19 како вообичаена заразна болест на ниво на другите заразни болести во Македонија. Се работи за четири мерки: задолжително носење на маски во болниците, во аптеките, во јавниот превоз и во домовите за стари лица со посебни потреби.

Би сакале како комисија да препорачаме дека во болниците со оглед на позитивното искуство, луѓето кои ќе прават посети во болниците да користат маски, посебно луѓето над 65 години и оние хронично болните – рече портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

Се ушт стојат препораките да се вакцинираат граѓаните со вакцини за заштита од ковид, посебно за постарите лица.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска

За три дена 71 нов случај на Ковид-19

Катерина Ѓуровски