Во Дебар воведени рестрикции на вода

Од:

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ информираше дека се воведува неколку часовна рестрикција во водоснабдувањето, бидејќи корисниците не ги почитувале претходните апели за заштеда на вода, односно да не се употребува за наводнување на градини, миење дворови, тротоари, па дури и улици пред домовите.

-Поради недостиг на вода во текот на денот, како последица на нерационалното користење на водата од страна на корисниците, принудени сме да ја воведеме непопуларната мерка – рестрикција во водоснабдувањето, стои во известувањето.

Во периодот од 10 до 13 часот без вода ќе биде селото Долно Косоврасти, каде се наоѓа и бањскиот локалитет, додека од 13 до 16 часот населбите „Венец 1“ „Венец 2“, Тараник и Ќернаница.

-Нашата вода, која е од изворите во Росоки, е една од најквалитетните не само во државава, туку во Европа, а несовесните корисници истата ја злоупотребуваа, наведуваат од претпријатието.

Одлуката за рестрикцијата ќе биде во сила се до подобрување на ситуацијата. Во исто време се упатува апел за рационално користење на водата, за да не бидат принудени да го зголемуваат времетраењето на рестрикциите.

Би можело да ве интересира

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово