Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Од:

Здружението на ловци „Стогово” – Дебар предупредува на, како што наведува, загрижувачка појава во градот и населените места, каде сè почесто диви животни како мечки, диви свињи, волци и лисици се приближуваат до населените места но и влегуваат во нив. Оваа појава, посочуваат, претставува зголемена опасност за граѓаните и жителите во руралните подрачја, но и во градот.

– Овој феномен најчесто се случува во есенскиот период, кога дивите животни – особено мечките – бараат повеќе храна за да се подготват за зимата. Пред неколку дена, во доцните вечерни часови, граѓаните на Дебар се соочија со возрасна мечка на главниот булевар во градот, што претставуваше сериозна опасност, стои во известувањето на здружението.

Се додава дека без намера да се создаде паника, но со цел да се заштитат граѓаните, ја чувствуваат обврската да дадат неколку важни совети како да се постапува во вакви ситуации.

– Останете смирени – не правете брзи движења и не трчајте, повлекувајте се полека наназад, без да му го свртите грбот на животното, зборувајте со тивок и смирен глас, за мечката да разбере дека сте човек. Не ја гледајте директно во очи – тоа може да го сфати како провокација. Доколку е на поголемо растојание, направете мала бучава (плеснете со раце, зборувајте со нормален тон) за да се оддалечи. Ако пак е блиску и сè уште не ве забележала, останете мирни додека не се оддалечи. Веднаш известете ја полицијата, шумската служба или општината, советуваат од здружението.

До жителите здружението и со совети што не треба да прават: Не трчајте – мечката е многу побрза од човекот, не викајте и не ја провоцирајте, не ѝ приојѓајте за фотографии или видеа, никогаш не ја хранете – ќе се навикне да се враќа повторно, не ја следете во шумата, не оставајте храна надвор од домот или објектите.

– Здружението на ловци е секогаш подготвено да им помогне на граѓаните и да соработува со надлежните институции за спречување на вакви случаи, порачуваат од здружението.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна