Спотот за песната „Кажу“ на босанскиот бенд Дубиоза Колектив ја надмина бројката од милион прегледи на YouTube.
Видеото за кое анимацијата и режија ја направи Тони Хумл, а цртежите Филип Андроник и беше представено на публиката на 1 април.
Листата на нивните концерти за ова лето е целосно пополнета, па тие ќе одржат настапи во Словенија, Франција, Италија, Чешка, Данска, Норвешка, Словачка, Португалија… а на 14 јули ќе имаат и настап на фестивалот EXIT во Нови Сад.