Мајли Сајрус најави албум со преработки на „Металика“

Од:

Американската поп-рок пејачка Мајли Сајрус најави албум којшто ќе содржи исклучиво преработки на песни од хеви метал групата „Металика“.

– Работиме на албум со препеви на „Металика“ и во мигов сум зафатена со тоа. Јас сум пресреќна што при сѐ ова, сиве овие услови, можеме да работиме на нашата уметност… Отпрвин, идејата не ми изгледаше возбудлива, но сега сум целосно воодушевена, вели таа.

Сè уште не е познато со кого сѐ ќе соработува заради албумот. Во август стана јасно дека таа веќе нема да работи со нејзиниот долгогодишен музички партнер Коди Симпсон.

Ова не е првпат Мајли да соработува со „Металика“. На минатогодишното издание на Фестивалот во Гластонбери таа веќе отпеа своја верзија на култната балада „Nothing Else Matters“ од веќе легендарниот метал-бенд. Има и свои преработки на песни од покојниот Крис Корнел, „Кренберис“, „Пинк флојд“, „Нирвана“ и други.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски