Диџеј Хозе Падиља почина од рак

Од:

Легендарниот шпански диџеј Хозе Падиља, кој се прослави со неговата работа во светски познатиот клуб „Кафе дел Мар“ на островот Ибица, почина викендов. Имаше 64 години, а причината за неговата смрт е ракот, против кој се бореше со години.

Веста беше објавена на неговата официјална фејсбук-страница.

„Здраво, пријатели. Со голема тага објавуваме дека Хозе почина вo сон, ноќта во неделата, на неговиот сакан остров Ибица. Ние, неговото семејство и пријателите би сакале да им се заблагодариме на сите што дадоа донации и испратија пораки на поддршка, благодарение на што му беше полесно да го преживее последниот месец“, се вели во пораката.

Хозе Падиља е роден 1955 година во Барселона. Во 1975 година се преселува на Ибица, а 1991 година станал диџеј во „Кафе дел Мар“. Во 1995 година ја издаде својата прва компилација од преработка на електронска музика создадена од разни музичари.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски