Електронските великани Депеш Мод на концерот кој на 19-ти март ќе се одржи на Ушче во Белград ќе дојдат со дваесет камиони опрема, четири автомобили, шминкери, фризери и кувари, а Дејв Гахан во обезбедување побара исклучиво жени.
За концертот во Белград ќе се изгради бина широка 40 и длабока 24 метри, а бекстејџот е составен од 11 простории за бендот и менаџментот на турнејата.
Три простории се резервирани само за членовите на бендот, а она што е неопходно во сите соби, се големи огледала, како и во сите гардеробери и простории во кои што престојува групата.
Дека Дејв Гахан е алфа во бендот покажува фактот дека за него е планирана самостојна просторија, пред која бараше да го обезбедуваат само жени, додека Мартин Гор и Енди Флетчер делат друга просторија.
Менаџметот на составот бараше три луксузни комбиња со затемнати стакла, а нагласено е дека возачите мора да возат пријатно, бидејќи ниту еден член на бендот не сака брзо возење.
Покрај ова побарано е и посебно комбе за превоз на работите на составот на бендот, кој доаѓа со 30 торби гардероба, па се поставува прашање колку пати за време на концерот ќе ја променат облеката.
Групата со себе ќе доведе и екипа од готвачи, кои ќе им подготвуваат храна.
Елена Георгиевска