Фолтин, Сара Мејс и Тамара Тодевска ќе блеснат во акустично прилагоден сет подготвен за Skopje Unplugged

Од:

Во винаријата Камник, на 17 јули во 19:07 часот годинава ќе се одржи најновото издание на фестивалот „Skopje Unplugged“.

Фокусот, како што соопштија организаторите, ќе биде ставен на македонските изведувачи на кои најмногу им е потребна поддршка во овие времиња.

„Оваа година на исклучително интересна локација, во винаријата Камник, ќе имате ексклузивна можност да ги проследите едни од најголемите македонски музички бисери. Извонредните Фолтин, Сара Мејс и Тамара Тодевска на сцената ќе блеснат во акустично прилагоден сет специјално подготвен за оваа пригода. Време е за музика, за создавање магични моменти во прекрасна атмосфера на зајдисонце, време е за Skopje Unplugged на 17 јули, петок со почеток во 19 часот и 7 минути“, соопштија организаторите.

Тие наведуваат дека е дозволен лимитиран број на посетители за кои се обезбедени седишта на растојание од 1,5 метри.

Фестивалот е во организација на Универзална Сала под покровителство на Град Скопје, поддржан од винарија Камник.

Поради запазување на протоколите и на мерките, картите се во строго ограничен број и можат да се купат на следниот линк: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=680.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски