По концертот на Амира Медуњанин, Aвалон Продукција најавува концерт на Дарко Рундек во Античкиот театар во Охрид, на 15-ти август.
Дарко Рундек и Екипа неодамна го најавија новиот албум “Brisani prostor” со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите негови големи хитови како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња, Haustor.
Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек и Екипа во Охрид, а капацитетот ќе биде исто така намален, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители.