Тројца студенти од Црна Гора и дваесет студенти се наоѓаат во изолација.
Се претпоставува дека смртоносниот вирус во Студентскиот дом Карабурма е донесен од студент од Црна Гора кој студирал во Белград.
Во домот се заразени дваесет студенти и сите се наоѓаат во изолација.
Епидемиологот доктор Мила Пауниќ од Заводот за здравствена заштита во Белград рече дека нема зголемување на бројот на заразени и дека ситуацијата е под контрола.
„ Сите се добри, ниту еден нема тешка клиничка слика“, додаде докторката.
За студентот кој пристигнал од Црна Гора, докторот Миниќ пак изјави дека истиот кога пристигнал во студентскиот дом немал симптоми на болеста, но очигледно дека бил во контакт со заразени луѓе претходно.
Тој кажа дека студентите се наоѓаат во изолација и дека ќе останат во домовите.
„Со цел вирусот да не се прошири, негата врз студентите ќе се одвива во студентските домови каде им се доставува редовно храна“, рече Миниќ.
Изненадувачки е фактот што студентите доаѓаат од земја каде нема евидентирано ниту еден случај на Ковид-19, а токму истите се можна причина за заразување на цел студентски дом во Карабурма, Белград.