Пејачката Наташа Малинкова и во услови на пандемија за своите обожаватели сними уште една прекрасна песна.
Како и претходно, така и сега, комплетен автор на ова најново музичко парче на Наташа, со наслов „Се што ми зема“, е нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов.
– Во ова време-невреме мислам дека на сите нас ни недостига музика. Јас и мојот тим имаме повеќе готови песни, но одлучивме дека сега е време токму за оваа песна и мислам дека направивме одличен избор – вели накусо Наташа.