Хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер, кој постигна светски успех, уште еднашка го воодушеви светот. Тој одржа специјален концерт во празната Арена во Пула и испрати силна порака на светот.
Во кадрите од концертот Хаусер ги спои здравствените работници, пожарникарите и бројни други личности кои се наоѓаат на првата линија на одбраната од коронавирусот, кои симболично ги соблекуваа маските за лице, како знак на прогласувањето на крајот на епидемијата.
На овој начин Хаусер посака да испрати порака на благодарност на сите оние кои го ризикуваат својот живот за да спасат многу други.
„Да останеме заедно додека држиме дистанца и да пронајдеме надеж во нашата хуманост. Заедно ќе победиме“, порача Хаусер по виртуелниот настап.
За оваа оригинална идеја музичарот доби само пофални зборови, а неговите фанови порачаа дека настапот бил многу емотивен.