„Ролингстонси“ и други светски ѕвезди денеска на добротворен концерт „Еден свет- заедно дома“

Од:

Легендарните „Ролингстонси“ денеска ќе учествуваат на добротворниот концерт насловен „Еден свет- заедно дома“, а друштво ќе им бидат Пол Макартни, Стиви Вондер, Елтон Џон и другите светски рок ѕвезди, соопшти сајтот „Ултимејт Класик Рок“ (Ultimate Classic Rock).

„Чест ни е што сме повикани да бидеме дел од овој настан и да учествуваме од нашите домови, од изолација“, се наведува во соопштението на рок бендот.

Имајќи предвид дека сите членови на „Ролингстонси“ ќе бидат дома, не е јасно дали рок легендите ќе свират или само ќе се вклучуваат со разговор.

Преносот на овој настан почнува денеска во 14 часот на социјалните мрежи и преку лајф платформа, а заработката е наменета за напорите на организацијата „Граѓани на светот“ (Global Citizens) да им се даде поддршка на здравствените работници кои се наоѓаат во првите борбени редови против пандемијата и на Светската здравствена органазиција.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски