Македонски етно-џез концерт во Софија

Од:

Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер организира етно-џез концерт на кој ќе настапат Илчо Јованов (хармоника), Тони Китановски (гитара), Дине Донев (бас), Александар Секуловски (тапани).

Концертот ќе биде одржан во Лилавиот салон на Чешкиот центар во Софија, кој е партнер на македонскиот Културно-информативен центар во организацијата на овој настан.

КИЦ на РМ соопшти дека таа сцена е позната во Софија и настапувале бројни значајни европски имиња од областа на џез-музиката и дека за концертот на македонските музичари  интересот е голем.

Концертот, кој е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, ќе го отворат директорите на македонскиот Културно-информативен центар и Чешкиот центар во Софија, Васко Шутаров и Катерина Хуртаева.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски