Поп иконата Роби Вилијамс го користи секој слободен момент за да го помине со шест месечната ќерка Теодора Роуз.
Неодамна тој и ја испеал песната ‘Go Gentle’ која ја напишал за неа, а таа своето мислење му го кажала со „јазикот на бебињата“.
Шетавме по нашиот ранч и и пеев, а кога завршив таа поврати врз мене. Не знам дали тоа значеше нешто во стилот: Тато, песната е фантастична! или Од твојата песна ми е многу лошо. Се надевам дека е првото. Како и да е, мислам дека Теди е најискрената критичарка која сум ја сретнал!, изјавил пејачот.
Теодора Роуз ја доби во бракот со сопругата Аида. Вели дека никогаш не бил посреќен од денот кога станал татко.