Bon Jovi остана без гитарист

Од:

Гитаристот на групата Bon Jovi, 53-годишниот Ричи Самбора ја напушти северноамериканската турнеја на бендот поради лични причини, но тврди дека тоа нема врска со неговиот долгогодишен проблем, зависноста од алкохол и апчиња.

„Ви благодарам на сите за грижата. Добро сум, но останав во Лос Анџелес за да средам некои лични работи. Ќе се видиме наскоро”, соопшти Самбора на Twitter за своите фанови.

Самбора во 2007 и 2011 година престојуваше во центар за рехабилитација за да се ослободи од зависноста од алкохол и апчиња.

Во вторникот тој не свиреше на концертот во Калгари во Канада.

„Поради лични причини, Ричи Самбора нема да се учествува во остатокот од овој дел на турнеја. Сите концерти ќе се одржат како што е најавено”, рече групата во изјавата истакната во средата на официјалната интернет страница на бендот.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски