Битолскиот бенд „Brass Brothers“ конечно ја израдуваа многубројната публика со своја авторска песна со наслов „Време – невреме“
Како автори на текстот на песната се потпишуваат Елена Тодосиоска и Дејан Марковски, музиката е на Горан Мицевски – Кус, а аранжманот е на пејачот Димитар Андоновски. Видеото го изработи „Concept Production“ од Битола.
– На ваше барање, а на наше огромно задоволство ви ја преставуваме нашата прва авторска песна. Последиците од невремето кое го живееме и револтот кој го изразуваме во „Време – невреме“ ,не сакаме да бидат искористени од страна на актуелните политички опции и се оградуваме од истите.Главната порака е : „СО ЉУБОВ ДА ПОБЕДИМЕ” – велат момците од „Brass Brothers“.