Кинеските власти одбија да издадат дозвола за германскиот бенд Крафтверк да одржи концерт, додека на англиската група „Паблик имиџ лимитед“ и дозволија, соопштија денеска организаторите.
Бендот Крафтверк, кој има огромен придонес за развојот на електронската музика, се согласи да учествува на музички фестивал во Пекинг следниот месец, но не доби дозвола од Министерството за култура.
Одредени медиуми претпоставуваат дека одлуката на Кина можеби е поврзана со планираното учеството на Крафтверк на концертот „Слободен Тибет“ во Вашингтон 1998 година, кога само поради лошото време групата го откажа учеството.
Паблик имиџ лимитед, предводени од поранешниот вокалист на Секс пистолс Џон Лајдон имаат предвидено прес-конференции утре во пекинг, и во недела во Шангај, откако властите им го одобрија списокот со песни и текстовите.