Секси костими, безобразна кореографија, голи задници, мокра кожа… The Pussycat Dolls се вратија на музичката сцена со спот за нумерата „React“ во кое изгледаат уште подобро отколку што ги паметиме.
„Жешката“ Никол Шерцингер е, секако, повторно во главната улога, а со оглед на тоа дека сега има 41 година, што друго можеме да направиме, освен да и се воодушевуваме… Останатите во групата не се ништо помалку секси.
Девојките кои пред повеќе од една деценија „палеа“ на светската музичка сцена сосема сигурно ќе ја освојат старата публика, а ќе привлечат и нова.