Членовите на бендот Депеш Мод одби да ја прими наградата Брит за животно дело, а својата одлука ја образложија со тоа што организаторот не обезбедил пренос од доделувањето на признанието.
„Веројатно некого ‘ќе му направам проблеми’, но слушнавме дека ќе ја освоиме оваа награда. Највлијателен бенд последните 20 години или нешто слично. Потоа дознавме дека доделувањето на наградата нема да биде пренесувано. Одлучивме да не ја примиме наградата за највлијателен бенд, ако врачувањето на наградата фановите не можат да го гледаат во живо”, порача Дејв Гахан, пејач на групата.