„Ние“ песна полна емоции, видео полно стари спомени

Од:

ДНК имаат нова песна. Станува збор за темата со наслов „Ние“, која стандардно излегува во исто време со спот. „Ние“ е со потписот на веќе проверениот и докажан авторски тандем – Лазар Цветкоски и Панчо. Музиката е нивно заедничко дело, текстот е со потписот на Панчо, додека аранжманот е на Лазар. За мастерингот, пак, се погрижи Крис Герингер, Sterling Sound, од Њујорк. Герингер во својата биографија има запишано соработки со Дрејк, Карди Б, Ријана, Лејди Гага, Ву Танг Клан и многу други.

Интересно е дека и ова видео Панчо и Андреј го работеа со режисерот Даниел Јовески, кој вели дека се потрудил самата приказна да го следи текстот од оваа емотивна композиција.

„Приказната на песната и спотот ни ја опишува осаменоста помеѓу четири ѕида, прогонувањето на спомените од минатото. Спомените се уште посилни кога се ставени на фотографија, фотографии преку кои Панчо патува низ сеќавањата, во времето кога биле среќни со саканата“, открива Јовески.

Кадрите се снимени на луксузни локации во Турција, односно во хотелот „Босфорус“ во Анталија и во амфитеатарот во Сиде. Главните улоги во спотот им припаѓаат на водителката Миа Костова, која прв пат се појавува во музички спот, и Хаки Алан, а целата атмосфера, велат момците, поминала во одлично расположение. За шминката, пак, се погрижи Александра Азманова.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски