Фолк дивата Есма Реџепова за белградски Блиц потврдила дека ќе се менува песната и на Евровизија во Малме таа и Влатко Лозановски ке настапат со сосема нов текст и песна.
„Точно е, песната се менува, незнам зошто. Но што и да се напише кога ќе го отпееме јас и Влатко ке звучи одлично, рекла Есма за весникот.
Блиц додава дека „Империја“, првата варијанта за македонска песна на евровизија веднаш по промоцијата предизвикала бурни реакции во медиумите и јавноста, пред се дека е примитивна и е промоција на владиниот проект Скопје 2014.
На „Империја“ реагирале и грчките медиуми дека е тоа уште една провокација на владата во Скопје за менување на историјата. Новата песна за евровизискиот настап на Есма и Лозано во мај во Малме нема да ја пишува синот на Есма кој беше автор на „Империја“.