Српскиот пејач Оливер Мандиќ му понудил на хрватскиот музичар Оливер Драгојевиќ за 200.000 евра да настапи со него на Маракана. Тој замислил и сценарио – на сцената да се појават и двајцата и заедно да засвираат, едниот на црн, а другиот на бел клавир.
Мандиќ тврди дека се слушнал со Драгојевиќ кој му рекол: „Кога би дошол во Белград, повеќе не би смеел да се вратам во Сплит“.
Но, Драгојевиќ вели дека не бил во контакт со Оливер Мандиќ кој сака со него да настапи на Маракана. Но, признава дека некои менаџери му нуделе таков концерт. Не ја прифатил понудата, бидејќи уште одамна, како што изјавил за „Слободна Далмација“, одлучил дека нема да настапува во Србија.