На само еден ден пред неговиот голем концерт закажан за на 2-ри август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, Влатко Лозаноски – Лозано ја објави новата песна.
„Не те вадам од памет“ е насловот на летниот хит, а се разбира и овој пат како автори се потпишуваат тандемот Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска.
За новата песна, Лозано сними и видеоспот на кој како режисер се потпишува Даниел Јовески. Спотот е снимен на неколку локации во земјава, а покрај Лозано во него главната улога ја има и една од најубавите девојки во Македонија, Мартина Михајловска.
– Ова е нешто ново и можеби поразлично од мене досега. Убеден сум дека ќе и се допадне на публиката и со нетрпение чекам да ја испеам на концертот на стадионот „Билјанини извори“, – вели Лозано во неговата куса изјава.