Кејти Пери е осудена за нарушување на авторските права при создавањето на песната „Dark Horse” од 2013 година. Така одлучи Федералниот суд во Лос Анџелес, Калифорнија, САД.
Одлуката е едногласна. Пејачката при создавањето на своето дело, со или без умисла користела музика од песната „Joyful Noise“ на американскиот рапер Маркус Греј. Таа песна пак, 2008 година, во соработка со хип-хоп изведувачот Лекре.
Освен Пери, за плагијатот се прогласени за виновни и нејзините продуценти и коавтори, Лукас Готвалд, Карл Сендберг, Хенри Волтер и Сара Хадсон, раперот Џуси Џеј којшто има свој удел во песната, како и компанијата „Кепитол рекордс“. Одлуката за казната за нарушување на авторските права, допрва следи.
Маркус Греј поднесе тужба против Кејти Пери во 2014. Тој ја обвини пејачката дека украла дел од мелодијата и ритмот од неговата композиција.